Сем Алардајс знае како да го запре Ерлинг Халанд

Контроверзниот англиски стратег Сем Алардајс се врати во Премиерлигата каде ќе има тешка задача да го спаси Лидс од релегација. Неговата мисија не може да започне потешко со оглед на тоа што дебито ќе го има на натпреварот против Манчстер Сити кој брка шампионска титула.

Искусниот 68-годишник притоа ќе треба да најде и решение за фантатичниот Ерлинг Халанд кој на претходниот натпревар постави нов премиерлигашки рекорд по бројот на постигнати голови во една сезона, а тој веќе ја знае потребната рецепта.

„Како да се запре Халанд? Не му давајте да ја добие топката. Треба да го запреме протокот на топка кон него, максимално да го огриничимеи да не му дозволиме шнаси и постојано да го држиме на око во завршната третина“, вели Алардајс.

Се вчитува...