Семејството било предупредено – Марадона ќе умре ако ја напушти клиниката!

Смртта на Диего Армандо Марадона се уште е актуелна тема во светската јавност, а аргентинскиот портал “Infobae” ексклузивно дојде до медицинскиот картон на фудбалската легенда од неговата последна посета на клиниката во Буенос Аирес каде му беше извршена операција на мозокот. Во документацијата неговото име е променето во Гомез Ариел, но новинарите на „Infobae” дошле до документи кои го потврдуваат идентитетот на Диего Марадона.

Во целокупната документација наведени се и белешки од средбата што раководните лица на клиниката ја имале со семејните доктори на Марадона и со членовите на неговото најблиско семејство. На оваа средба, тие биле децидно предупредени за огромниот ризик дека фудбалската легенда може да го загуби животот доколку не продолжи да биде лекуван во болнички услови.

„Клучно е да се знае кои се луѓето кои се директно одговорни за смртта на Марадона, оние кои требало да се грижат за неговото здравје. На состанокот јасно е кажано дека состојбата на Диего е крајно сериозна, дека здравјето сериозно може да му биде нарушено доколку нема кислородна поддршка, со специјалисти кои ќе му ги дозираат лековите. Практично им беше кажано дека ако Марадона замине од клиниката, ризикот од смрт е огромен, но тие на крајот сепак решија да го изнесат и префрлат во куќа што не задоволуваше ниту еден критериум за лечење на вака компликуван медицински случај“, тврдат одговорните лица од клиниката.

Официјална причина за смртта на Диего Марадона е срцев удар, но се уште е во тек истрагата околу околностите и евентуалната вина и медицинска негрижа за фудбалската легенда. Овој документ само го потврдува тоа.

Се вчитува...