Семења е поголема мајсторка за стомачни од Роналдо (ВИДЕО)

Во перидот на комплетен застој во спортот поради пандемијата на коронавирусот предизвиците кои меѓусебЕ си ги прават спортистите се насочени најмногу кон промоцијата на активен живот во домашни услови. Атлетичарката Кастер Семења не само што го прифати предизвикот за стомачни на Кристијано Роналдо туку и го урна неогвиот рекорд на 142 повторувања.

Јужноафриканката успеа да направи неверојатни 176 повоторувања од вежбата во предивикот за зацврстување на телото во кој треба додека се лежи на грб да се допрат прстите што повеќе пати за време од 45 секунди.

Кристијано Роналдо е исклучително активен во домашни услови периодов додека трае прекинот на фудбалската сезона во Италија. Тој е во очекување на евентуалното продолжување на сезоната.Семења пак исто така е на принудна пауза, таа требаше да брка пласман на Олимписките игри во Токио, но во сосема нова дисциплина, на 200 метри со оглед дека според новата регулатива на ИААФ не смее да се натпреварува на 800 метри, дисциплината во која е светска и олимписка шампионка.

 

Се вчитува...