Сенегал во хаос по елиминацијата: „Не играм за репрезентацијата додека е тој селектор“

Сенегал го пропушти осминафиналето на Светското првенство. Оваа селекција имаше водство од 2:0 против Белгија до 86-тата минута, но потоа противникот постигна два гола за три минути и го однесе натпреварот во продолжение, каде што потоа славеше триумф од 3:2.

Сенегалците останаа во неверица. Беа на чекор од голем успех, но сега мора да си одат дома.

По натпреварот, се појави уште еден проблем. Играчот од средниот ред на Виљареал, Папе Геје, објави дека нема да игра за репрезентацијата додека Папе Тијао е селектор.

27-годишникот не ги објасни причините. Тој напиша на Инстаграм дека повеќе нема да игра во националниот тим, сè додека е таму сегашниот тренерски штаб.

„За испаѓањето ќе зборувам подоцна. Засега, само ќе кажам дека, додека е тука сегашниот тренерски персонал, јас повеќе нема да играм за репрезентацијата“, кратко напиша Папе Геје кој на мечот со Белгија беше заменет во 66. минута.

Се вчитува...