Сензација: Гофан го зеде скалпот на Федерер во Лондон

Давид Гофан приреди огромно изненадување во првото полуфинале од АТП шампионатот воо Лондон, земајќи го скалпот на големиот фаворит Роџер Федерер. Белгиецот делуваше загубено во првиот сет, но потоа собра сили и направи целосен пресврт против големиот фаворит, станувајќи само шести тенисер во историјата што во ист турнир успеал да ги совлада Надал и Федерер.

Федерер направи брејк веќе на самиот старт и рутински стигна до 6-2 во првиот сет, но кога сите очекуваа лесна капитулација на Белгиецот, Гофан собра сили за целосен камбек. Тој направи брајк на првиот сервис-гејм на Федерер во вториот сет и израмни на 1-1 (6-3), за потоа повторно да искористи пад во концентрацијата на големиот ривал за триумф со конечни 6-4, прва победа на Гофан во седмиот меѓусебен дуел со Федерер.

Гофан за ривал во финалето ќе го има подобриот од вечерашната полуфинална пресметка меѓу Григор Димитров и Џон Сок.

Се вчитува...