Сензација на Апенините – Бугарија ремизираше со европскиот шампион, Шведска ја реши Шпанија (ВИДЕО)

Во дербито на вечерта во квалификациите за СП 2022, Шведска ја совлада Шпанија со 2-1 со головите на Исак и Клесон во Групата Б, во која претходно денеска Косово славеше на гостувањето против Грузија.

Но, сензацијата на вечерта ја приреди Бугарија која ремизираше (1-1) во Фиренца со европскиот шампион Италија. Израмнувачкиот гол за Бугарите го постигна Илиев во 39. минута, откако претходно Киеза донесе водство за Италија уште во 10. минута.

Во вториот меч од групата Северна Ирска со 1-3 славеше на гостувањето против Литванија.

 

Англија ја декласираше Унгарија победувајќи на гостински терен со 0-4, а во истата група Полска беше сигурна против Албанија победувајќи со 4-1.

И Белгија беше сигурна во Групата Е триумфирајќи со убедливи 2-5 на гостувањето против Естонија.

 

Се вчитува...