Сензација на повидок: Светскиот првак во шок, Швајцарија води преку Сеферовиќ

По првото полувреме во Националната арена во Букурешт, Швајцарија води со 1-0 против репрезентацијата на Франција, а овој шок на Дешамп и неговите фудбалери го приреди Харис Сеферовиќ во 15. минута, успевајќи да биде прецизен со глава.

„Петлите“ до крајот на полувремето успеаа да ја контролираат играта, но без никакви сериозни шанси за гол. Каков ќе биде текот на овој дуел во останатите 45. минути останува да проследиме по кратката пауза.

Чешка веќе ја приреди првата сензација на ова ЕП, откако ја совлада Холандија, па останува да видиме каков ќе биде епилогот од овој вечерашен двобој.

 

 

 

Се вчитува...