Сензација на Вимблдон – По 37 натпревари загуби Ига Швјонтек

Првата тенисерка во светот, Ига Швјонтек доживеа сензационална елиминација во 3. коло на неофицијалното светско првенство во тенис, Вимблдон и со тоа ја прекина низата од 37 победи во низа на ВТА турнејата.

Кобна за Полјачката беше француската тенисерка, Ализ Корне која славеше со максимални 2-0 по сетови 6-4 и 6-2. Корне во следната рунда ќе игра против Австралијката, Алја Томљановиќ.

Пласман понатаму во женскиот дел од денешната програма обезбедија и: Халеп, Рибакина, Анисимова и Тан.

Се вчитува...