СЕНЗАЦИЈА: Рафаел Надал елиминиран од УС Опен!

По елиминацијата на Стефанос Циципас и Данил Медведев, на УС Опен се случи нова сензација. Овој пат можеби најголемата, откако синоќа е елиминиран Рафаел Надал, првиот фаворит за освојување на трофејот откако беше елиминиран Медведев.

Еден од најголемите тенисери во историјата стигна во Њујорк после поразот од Борна Чориќ во Синсинати. Претходно на грен слемот во Вимблдон се предаде поради повреда. Се чини дека повредата на стомачниот ѕид остави голема трага врз него.

Сето тоа го искористи американскиот тенисер Францис Тиафо кој пред своја публика дојде до голема победа од 3-1 (по сетови 6-4, 4-6, 6-4, 6-3), после три и пол часа борба.

26. тенисер во светот одигра маестрално на крилата на публиката. Беше поконкретен и поагресивен од својто противник и одлично се бранеше при форхендот на Надал. Освои четири од шест брејк топки што беше доволно за голема победа.

Утрово во следната фаза се пласираше Синер кој го совлада Ивашка со 2-3.

Се вчитува...