Сензација во евроквалификациите – Данска ја „урна“ големата Литванија

Репрезентацијата на Данска стигна до сензационална победа над Литванија од 80-76 во квалификациите за пласман на Европското првенство 2022 година. И покрај тоа што во исто време се игра Евролига, Литванците беа со респектабилен тим кој беше предводен од стандардните репрезентативци Калниетис и Кузминскас.

По првото полувреме Литванија имаше предност од плус осум, но потценувањето на противникот во вториот дел доведе до тоа Данска да стигне до целосен пресврт и до најголемата победа во историјата на кошаркарската репрезентација.

Во преостанатите натпревари Франција беше сигурна против Велика Британија со 79-56, додека Летонија ја совлада Грција со 77-66.

Се вчитува...