Сензационален НБА трансфер – Леброн Џејмс во Филаделфија?

Филаделфија подготвува сензационален трансфер и настојува да го донесе во своите редови Леброн Џејмс. На најдоминантниот кошаркар во НБА во јуни наредната година му завршува договорот со Кливленд и според американските медиуми, многу веројатно е дека „Кралот Џејмс“ ќе продолжи во нова средина.

До неодамна името на Леброн Џејмс се поврзуваше со трансфер во ЛА лејекрс, но сега се појавија нови шпекулации за неговиот потенцијален трансфер. Според „UDA Today“, челните луѓе во НБА лигата се убедени дека Филаделфија подготвува договор за еден од најдобрите играчи во историјата. Филаделфија е еден од клубовите кои можат да му понудат максимален договор.

Освен висината на договорот, на Филаделфија во прилог и оди и фактот што има перспективен тим и што настапува во Источната конференција во која конкуренцијата е многу послаба отколку на Западот, што севкупно би било привлечна опција за Џејмс.

Во Филаделфија направија одлична работа со тренерот Брет Браун. Веруваа во неговиот систем и неговата визија за тимот и му дадоа време да ја оствари својата визија за играта“ – кизјави Џејмс пред дуелот на Кливленд против Филаделфија.

Се вчитува...