Серџи Бархуан ќе биде привремен тренер на Барселона

Серџи Бархуан ќе биде привремен тренер на Барселона, потврдија од каталонскиот клуб. Човекот кој што годинава ја водеше Барселона Б, седнува на клупата на Каталонците како наследник на Роналд Куман, кој синоќа по поразот од Рајо Валјекано заработи отказ.

Бархуан ќе ја води Барселона, а од клубот веќе се во преговори со Чави Хернандез кој би требало да седне на клупата на каталонскиот клуб.

Се вчитува...