Серена Вилијамс елиминирана на стартот на Вимблдон

Најдобрата тенисерка на сите времиња, Серена Вилијамс доживеа елиминација уште на стартот на годинашното издание на Вимблдон.

Таа во 1. коло загуби од Французинката, Хармони Тан со 2-1, по сетови 5-7, 6-1 и 6-7. Ова беше прв меч за Серена по пауза од цела година, откако лани исто така доживеа елиминација во првото коло на третиот гранд-слем во сезоната.

Во второто коло се пласираше и Гркот, Стефанос Циципас кој со 3-1, по сетови 7-6, 6-3, 5-7 и 6-4.

Се вчитува...