Серена Вилијамс најави крај на кариерата: Ќе биде тешко, но …

Најдобрата светска тенисерка на сите времиња, Серена Вилијамс, најави дека е подготвена да се збогува од „белиот спорт“ со настап на претстојното издание на УС Опен.

Американката веќе подолго време се мачи со најразлични повреди, па неодамна ја забележа својата прва победа по пауза од 14 месеци. Во најава за септемвриското издание на магазинот „Вог“ таа потврди дека ја завршува својата неверојатна кариера.

„Доаѓа момент во животот кога морате да решите дека тргнувате во друг правец. Тој момент секогаш тешко ви паѓа кога сакате нешто толку многу. А мој Боже, колку многу само јас го сакам тенисот. Сепак, одбројувањето е почнато. Мораме да се фокусирам на тоа како да бидам мајка, на моите духовни цели и на откривање на поинаква страна од себе, но сепак да останам Серена“, објави Вилијамс.

Серена Вилијамс има 4о години и досега во кариерата има освоено 23 гранслем трофеи. Таа во својата колекција има дури 73 трофеи од тениските турнири ширум светот, а на врвот на ВТА-листата за првпат се искачи во 2002 година и севкупно во кариерата таму остана 319 седмици.

Се вчитува...