Серена Вилијамс се враќа на Австралија Опен

Американската тенисерка Серена Вилијамс по породилното отсуство, во јануари одново се враќа на тениските терени. Директорот на Австралија Опен, првиот гран-слем со кој традиционално стартува сезоната, Крег Тајли потврди дека Серена добила вајлд-карта за турнирот во Мелбурн.

„Серена побара и доби виза, пријавена е за настап. Таа веќе тренира со полно темпо и не се сомневаме дека ќе биде подготвена за настапот. Освен тоа, Серена сака и да го подобри рекордот по освоени гран-слем трунири што досега ги има 24. Тоа е уште еден предизвик во нејзината кариера“ – изјави Тајли.

Во септември годинава 36-годишната Серена Вилијамс стана мајка, но набрзо потоа почна со тренинзи и враќање во старата форма. Минатата година во јануари, Серена победи на Австралија Опен, а потоа забремени и во април престана да игра, а сега е подготвена да се врати на терен.

Се вчитува...