Серена Вилијамс со ќерката позираше за „Вог“

Американската тенисерка Серена Вилијамс која во својата колекција има рекордни 23 гран-слем титули, заедно со ќеркичката Алексис Олимпија е на насловната страница на јануарското издание на списанието „Вог“. Ова е прва фото-сесија на Серена откако стана мајка во септември минатата година.

Иако првично беше најавено дека Серена по породилната пауза може повторно да заигра на Австралија Опен, сепак 36-годишната тенисерка се уште не е подготвена за враќање во професионалниот тенис.

Во интервјуто за „Вог“, Серена открива дека имала проблеми при породувањето и во периодот потоа. На тенисерката и се појавил тромб во белите дробови и поради здравствените компликации шест недели била на принудно мирување.

Славната тенисерка посакува нејзината ќерка да има „нормален живот“ без да биде оптоварена од славата на родителите.

„Посакувам ќерка ми да води нормален живот. Јас го немав тоа“ – вели Серена Вилијамс.

Се вчитува...