Серена Вилијамс: Веруваа дека се занимавам со „црна магија“

Поранешната светска тенисерка број 1 и освојувачка на 23 титули од гранд-слем турнирите, Серена Вилијамс, ги откри најбизарните озборувања што ги слушнала за себе во текот на својата кариера.

44-годишната Американка се пензионираше од професионалниот тенис во 2022 година, а последниот турнир во нејзината кариера беше Отвореното првенство на САД.

„Најлудата работа што некогаш сум ја слушнала беше дека правам вештерство и црна магија затоа што премногу често победувам тенисерка. Таа навистина веруваше дека користиме црна магија за да ја победиме“, рече Серена.

Се вчитува...