Серхи: Моравме да направиме три измени, и нашата игра целосно се смени

Тренерот на Барселона, Серхи Бахруан, го имаше последниот настап како тренер на екипата. Во Виго неговиот тим одигра само 3:3 против Селта, во натпревар во кој Бара имаше водство од 3:0 на полувремето, но на крајот мораше да се задоволи само со бод.

Серхи кажа дека принудните измени го смениле целиот систем на игра, а новите играчи кои влегле не се поизиционирале согласно договореното.

„Кога се одеше добро, бевме принудени да направиме три замени поради повреди, и со тоа се смени целата концепција во тимот. Сепак, тоа не е оправдување. Точно е дека влијаеше на финалниот резултат. Премногу простор остававме, притисокот на играчите беше голем, и не знаеја да се позиционираат. Сепак, јас сум среќен што Чави ќе дојде на тренер. Најважно е тимот да се врати на старите патеки. Верувам дека ако влезе тимот во форма, и ќе има една долга серија“, изјави Бахруан.

Се вчитува...