Серхио Рамос во Памплона ќе стане „господин 500“

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, денеска ќе слави посебен јубилеј, играјќи го 500.меч во дресот на „кралскиот клуб“. Лидерот на табелата во шпанскиот шампионат вечерва ќе гостува во Памплона каде ќе ги одмери силите со Осасуна, и секако, Рамос очекува триумф на својот тим.

„Реал Мадрид на секој натпревар ја посакува единствено победата. И верувам дека ќе ја оствариме, затоа што квалитетот е на наша страна. За јубилејот, секако дека е голема работа да одиграш 500 натпревари за најголемиот клуб во светот. Ќе бидат тоа специјални моменти за мене, а од соиграчите очекувам да ми подарат триумф“, изјави Серхио Рамос.

ramos 500

Се вчитува...