Серијата на Кливленд запре на 13, „стоп“ за Бостон во Сан Антонио

На серијата на Кливленд од 13 победи по ред и дојде крајот откако актуелниот вицешампион утрово беше поразен на гостувањето против Индијана со 106-102. Леброн Џејмс и соиграчите не успеаја да најдат начин да го запрат Виктор Оладипо, кој блесна кога беше најзначајно, погодувајќи ја клучната тројка во последната минута. Оладипо го заврши мечот со 33 поени и осум асистенции, добивајќи ја битката со надворешните играчи на Кливленд.

Мора да го запрете нивниот лидер, секогаш било така со Индијана. Претходно беше Пол Џорџ, сега  е Оладипо. Му ја даваат сета верба, тој промаши неколку „тројки“ во бунар, но повторно го зеде клучниот шут и погоди кога беше најважно“ – изјави Леброн Џејмс.

Сан Антонио по голма битка славеше со 105-102 над Бостон селтикс, прекинувајќи ја серијата од четири победи на тимот со најдобар скор во лигата. „Џокер“ на домаќините беше Ману Џинобили, кој по офанзивен скок погоди тројка на пет секунди до крајот. Успехот е уште поголем ако се знае дека покрај Каваи Леонард „спарси“ не може да сметаат ниту на Дени Грин, кој се повреди уште во првата четвртина. На Бостон не му помогнаа ниту 36-те поени на Кајри Ирвинг, а најефикасни кај Сан Антонио беа Олдриџ со 27 и Руди Геј со 15 поени.

Голден стејт ја заврши турнејата од гостувања со скор 6-0, откако шампионот синоќа го совлада и Детроит со резултат 98-102. Стеф Кари повторно не му беше на располагање на Стив Кер, но затоа работите во свои раце ги презеде Кевин Дурант, реализирајќи 36 поени.

Резултати НБА:

Шарлот – Чикаго 111-119, Детроит – Голден стејт 98-102, Индијана – Кливленд 106-102, Орландо – Денвер 89-103, Мемфис – Торонто 107-116, Милвоки – Далас 109-102, Њу Орлеанс – Сакраменто 109-116 (по прод.), Сан Антонио – Бостон 105-102.

Се вчитува...