Кошаркарот на Панатинаикос, Ришон Холмс, се повреди за време на натпреварот против Макаби.
Холмс го напушти паркетот во второто полувреме и не се врати во игра, а по деталните прегледи беше утврдено дека тој претрпел руптура на медијалниот колатерален лигамент на десното колено и дека ќе отсуствува најмалку еден месец.
„За жал, ситуацијата со Холмс е сериозна. Докторот ми рече дека дефинитивно ќе биде надвор од терените околу еден месец. Добрата вест е дека Ахиловата тетива не е повредена, па нема да мора да се оперира. Со терапија се надеваме дека наскоро ќе се врати, но сигурно нема да игра следниот месец“, изјави тренерот на Панатинаикос, Ергин Атаман, на прес-конференцијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

