Сета убавина на играта на Ајакс во една акција (видео)

Ајакс е една од четирите најдобри екипи во Европа за оваа сезона, и тоа неслучајно откако по Реал Мадрид холандскиот гигант вечерва го зеде и скалпот на Јувентус.

Апсолутно заслужено, со нова маестрална гостинска партија слична на онаа во Мадрид, со таа разлика што овојпат избраниците на Тен Хаг не беа толку расположени за тресење на противничките мрежи. Затоа пак беа „во елемент“ за се друго, целосно надигрувајќи го италијанскиот шампион во второто полувреме.

Цврста одбрана, брзина, беспрекорна транзиција одбрана – напад, луцидност… сето ова го красеше Ајакс на денешниот реванш, како и на минатомесечното гостување на „Сантијаго Бернабеу“.

Оваа акција најдобро ја отсликува убавината на играта на Холанѓаните, почна од голманот Онана, а потоа движењето беше беспрекорно. Штета што не беше крунисана со гол, но во ситуација кога Ајакс ја оствари целта и се пласираше во полуфиналето тоа сега е и најмалку важно…

Се вчитува...