Севилја ги освои Канарските острови: Кореа го урна Лас Палмас

Севилја им се врати на победите во Примера, освојувајќи ги Канарските острови со триумфот над Лас Палмас (0-1). Со тоа се зацврсти на третата позиција на табелата со 46 бода, два помалку од второпласираната Барселона.

Долго време Севилја не успеваше да го скрши отпорот на домаќинот, се додека во игра не влезе аргентинскиот интернационалец Хоакин Кореа. Само три минути откако доби шанса, тој во 80.минута доби употреблива топка, излезе сам пред противничкиот голман и ја затресе мрежата на Лас Палмас.

Се вчитува...