Севилја остана без „муниција“ на гостувањето кај Осасуна

Фудбалерите на Севилја пропуштија уште една шанса да му се доближат на Реал Мадрид на првенствената табела во шпанската Ла лига. Тие вечерва одиграа без голови 0-0 на гостувањето во Памплона кај Осасуна.

Иако го имаа поседот на топката во текот на сите 90. минута избраниците на Жулиен Лопетеги не создадоа некои посериозни шанси кон голот на домаќинот, а Иван Ракитиќ беше трагичар бидејќи не реализираше пенал во 93. минута.

Со ова реми тимот од Андалузија во моментов е на минус три од лидерот Реал Мадрид, но „кралевите“ имаат натпревар помалку кој треба да го одиграат утре на домашен терен против Гранада.

 

 

 

Се вчитува...