Севилја победник во градското дерби со Бетис

Покрај миланското дерби, вечерва градско дерби се одигра и во Шпанија, и тоа во Севилја каде што Бетис како домаќин загуби од Севилја со 0:2. Очекувано, искри на теренот, еден црвен картон и два гола во мрежата на Бетис.

Родригез од Бетис заработи црвен картон во финишот од првиот дел, па тоа како да беше доволно за гостите да стигнат до трите бода. Акуња во 55. минута со прекрасен гол донесе водство, а автоголот на Белерин ја потврди победата на Севилја од овој меч.

Севилја со оваа победа се вмеша во трката за титулата, односно има само еден бод помалку од лидерот Сосиедад, но и натпревар помалку. Бетис остана на петтото место со 21 бод.

Се вчитува...