Севилја тргнува по Мичи Батшуаи

Шпанскиот прволигаш Севилја е сериозно заинтересиран за ангажман на белгискиот репрезентативен напаѓач Мичи Батшуаи. Тој е член на Челси, а минатата сезона ја заврши како играч на Борусија Дортмунд, каде настапуваше како позајмен фудбалер. Но, сега повторно ќе ги стартува подготовките на „Стемфорд бриџ“, каде се уште нема разврска ниту околу менаџерската позиција. Маурицио Сари треба да го наследи Антонио Конте, но Челси ќе треба на досегашниот шеф да му исплати и отштета за предвремен раскин на договорот.

Севилја сака да ја искористи оваа ситуација во Челси и да го купи Баштуаи. 24-годишниот напаѓач постигна 19 гола на 53 натпревари во дресот на Челси, а изминатите шест месеци во како член на „милионерите“ од Дортмунд стрелаше седум пати на десет мечеви.

 

Се вчитува...