Шабан Трстена: Уште еднa голема ѕвезда на спортот го напушта овој свет

Легендите живеат вечно. Двајцата беа олимпијци, фантастични презентери на македонскиот спорт во светот. Шабан Трстена се прости од Благоја Георгиевски Буштур со емотивен статус на социјалните мрежи.

„Уште еднa голема ѕвезда на спортот го напушта овој свет, овој пат од Македониjа. Почитувани спортски пријатели, кога станав наутро вo 6 часот да прочитам новини што се случува кај нас и вo светот, прво штo видoв е веста за мојот пријател што ме потресе. Трагедија во Скопје – загина кошаркарската легенда Благоја Георгиевски -Буштур! Бев во шок и не можев да верувам. Им се јавувам одма на мојите спортски пријатели и новинари да потврдам дали е вистина страшната вест што ја читам и после некоку минути ми се јавија – Шабане, жалосно е, но навистина го загубивме нашиот пријател. Почитувани спортисти мојот пријател и вашиот пријател, беше и ќе остане легенда, еден од најпопуларните македонски кошаркари во историјата на 20 век.

Мој пријателе, Буштур ти никогаш нема да умреш, бидејќи твојата спортска историја ќе остане живее засекогаш. Почивај во мир легендо. Бог да го благослови нашиот шампионoт Благоја Георгиевски – Буштур!“, напиша Шабан Трстена. 

Се вчитува...