Шаби: Ги сардисавме Црногорците, немаа лек за нас…

Македонската одбојкарска репрезентација ја забележа и втората победа на Европското првенство откако славеше против Црна Гора со убедливи 3-0 со што само чудо може да ја спречи да се најде во осминафиналето од континенталниот собир.

Дарко Ангеловски – Шаби по натпреварот даде свој осврт на победата за која вели дека Црногорците немале решение за целиот македонски тим, а верува и дека „црвено-жолтите“ можат да одиграат и 50 отсто подобро од денешниот натпревар за триумф против Чешка.

„Знаев дека ќе играме осминафинале уште кога ја земавме организацијата на Европското првенство. Денеска се чувствувам дека ги сардисав Црногорците, немаа за мене лек, немаа за никој од нас лек. Ќе пробаме со Чешка и мислам дека можеме да ја добиеме доколку играме 20 отсто подобро од денеска, а мислам дека во следните денови ќе се воиграме за да играме и 40, 50 отсто подобро“, изјави популарниот Шаби.

Се вчитува...