Шаќири: АИК е фаворит, но ние дојдовме по позитивен резултат

Македонскиот фудбалски прволигаш, Шкендија утре ќе му гостува на шведскиот АИК во првиот натпревар од 3. коло во квалификациите во најмладото европско натпреварување, Конференциската лига.

Тренерот на тетовци, Артим Шаќири пред мечот фаворитската улога му ја препушти на противникот…

„АИК максимално го почитуваме, фаворит е на хартија, но на теренот се почитуваме само ние и дојдовме да одиграме квалитетно и по добар резултат. Ако одиграме како што ќе се договориме, ќе одиме во следната рунда, а јас сум оптимист дека ќе извадиме добар резултат. Нивно најопасно оружје е нападот, зашто не е лесно на Ворскла да  дадете четири гола, а од друга страна одбраната им е ‘потенка’ и имаат слабости кои треба да ги искористиме. Имаме доволно информации, ги анализиравме“, вели Шаќири.

Одбранбениот фудбалер, Меџит Незири вели дека ги чека тежок меч…

„Не чека тежок меч, АИК е добар тим, но ќе дадеме се за добар резултат. Ќе одиме на победа, иако и со реми би биле задоволни и тоа би бил добар резултат за нас“, изјави Незири. 

Натпреварот е закажан за утре од 19 часот.

Се вчитува...