Шампионатот во Србија сигурно продолжува, клубовите од понеделник на тренинзи

Потпретседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, Марко Пантелиќ вели дека шампионатот од актуелната сезона сигурно ќе продолжи. Поголемиот дел од српските суперлигаши од понеделник почнуваат со тренинзи на отворено, а сите ќе работат под посебни мерки.

„Поголемиот дел од екипите ќе почнат со тренинзи од понеделник. Тоа што е важно дека полека ја добиваме битката со овој вирус. Фудбал ќе се игра, дали за 10 дена порано или еден месец покасно, тоа не е тема. Најважно е  играчите полека да почнат да се подготвуваат. Каков ќе биде системот и на кој начин ќе го завршиме првенството ќе разгледуваме наредните неколку недели. До 25. мај имаме рок од УЕФА“ – вели Пантелиќ.

Се вчитува...