Шампионот ја доби голеадата против Њукасл

Њукасл и Манчестер Сити приредија вистинска голеада во првиот натпревар од Премиерлигата за престојниот викенд на кој до нови три бода стигна шампионот на Англија откако славеше со 3-4.

Богатото прво полувреме во кое видовме четири гола го отвори Крафт во 25. минута, но на Сити не му требаше многу да направи целосен пресврт. Кансело го изедначи резултатот во 39. минута, а веќе три минути подоцна, Торес со прекрасен гол донесе водство за својот тим. Домаќинот успеа повторно да го изнедачи резултатот во судиското дополнување преку пеналот на Џоелингтон.

Голеадата продолжи и во второто полувреме во кое Њуксал по промашениот пенал повторно стигна до водство од 3-2 во 61. минута, но радоста на „црно-белите“ не траеше долго видејќи две минути подоцна Торес го изедначи резулатот, а младиот Шпанецот стигна и до хет-трик во 66. минута за целосен пресврт.

Се вчитува...