Оклахома Сити, актуелните шампиони на НБА лигата, славеа на гостински терен по две продолженија против тимот на Индијана со 141-135, во еден од двата синоќешни натпревари во НБА лигата.
Ова е вторпат за три дена, во отворањето на сезоната во која го бранат шампионскиот прстен, Оклахома да игра две продолженија. И двата пати славеа победи.
Најдобар во тимот на Оклахома, во натпреварот против својот ривал во финалето од плејофот на НБА минатата сезона, беше Шеј Гилџес-Александар со 55 поени, осум скока и пет асистенции.
Мичел додаде 26 поени, Арон Вигинс имаше 23 поени и девет скока, додека Чет Холмгрен имаше 15 поени и 12 скока, а Хартенштајн го заврши натпреварот со пет поени и 14 скока.
Бенедикт Матурин беше најефикасен во тимот на Индијана со 36 поени и 11 скока, а Паскал Сиакам додаде 32 поени и 15 скока. Оби Таупин постигна 20 поени, додека Бен Шеферд имаше 15 поени и осум скока. Кај Пејсерс, Џерес Вокер исто така имаше двоцифрен број поени со 13.
Оклахома, актуелниот шампион на НБА лигата, ја започна сезоната со две победи, бидејќи во својот прв натпревар го победија Хјустон, исто така по две продолженија, додека за Индијана ова беше првиот натпревар во сезоната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

