Шампионот Симиќ: Барса му се реваншираше на Реал Мадрид (ФОТО)

Македонскиот интернационалец Теодор Симиќ и неговата Барселона се шампиони на јуниорското првенство во Шпанија откако каталонците во финалето го совладаа Реал Мадрид со преубедливи 102-63, со што му се реваншираа на вечниот ривал за поразот во младинската Евролига.

Барселона го контролираше натпреварот од самиот почеток. На полувремето имаше предност од 51-43, а вистинската доминација беше одразена во второто полувреме во кое каталонците повторно постигнаа 51 поен, а примија само 20.

Нашиот центар на теренот помина девет минути за кои оствари учинок од четири поени, еден скок и една асистенција.

Се вчитува...