Шампионска „фешта“ на Вардар во Ѓорче Петров!

Крунисувањето на Вардар како старо-нов македонски шампион денеска во Ѓорче Петров е единственото случување вредно за издвојување од последното, 36. коло, во Првата македонска фудбалска лига.

Откако се е познато во годинашното наше прволигашко битисување, остана уште единствено денеска од 16:30 часот на стадионот на Македонија ЃП во Ѓорче Петров, преку дуелот со кратовски Силекс, Вардар официјално да го добие новиот шампионски трофеј.

Сепак, главно ревијалниот дуел, „вардарци“ сакаат да го заокружат и со победа за крај на сезоната…

„Очекувам со победа да ја завршиме сезоната и потоа да ја прославиме шампионската титула. Без разлика што сигурно ќе го завршиме шампионатот како првопласирани, посакуваме уште една победа во ова последно коло против Силекс и да ја зголемиме бодовната разлика на табелата пред конкурентите. Што се однесува до шампионската титула, мислам дека повеќе од заслужено сме шампиони затоа што покажавме најмногу од сите екипи… По овој натпревар одиме на заслужен одмор, па следува почеток на подготовките каде што ќе го дознаеме и противникот од Лигата на шампионите. Верувам дека добро ќе се подготвиме за европските натпревари“ – вели Никола Глигоров пред денешниот последен меч од сезоната 2016/2017.

ДВОЈКИ – 36. КОЛО (16:30 ч.)

Скопје: ВАРДАР – СИЛЕКС

Прилеп: ПОБЕДА – РЕНОВА

Скопје: ШКУПИ – МАКЕДОНИЈА ЃП

Тетово: ШКЕНДИЈА – ПЕЛИСТЕР

Штип: БРЕГАЛНИЦА – РАБОТНИЧКИ

Се вчитува...