Шамрок поведе во миговите кога Шкупи доминираше (ВИДЕО)

Ирски Шамрок е многу блиску до следната фаза во Лигата на Европа, откако имаат водство од 65. минута на Националната Арена „Тодор Проески“ во дуелот со Шкупи.

Во миговите кога чаирчани имаа иницијатива, нападнаа кон голот, имаа и шанси преку Сенгор, Трапановски и Георгиев, но не дојдоа до гол, беа казнети од Гафни.

Противнапад на Шамрок, топката стигна до Гафни кој упати удар од 23-24 метри, а топката го зафати и Абдула и го лобуваше Наумовски за голема радост на гостите.

Сега на Шкупи му требаат три гола за да се надева на чудо и пласман во следната фаза.

Се вчитува...