Шејн Ларкин го преслуша и „кралот“, Панатинаикос подобар од АСВЕЛ

Анадолу Ефес предводен од Шејн Ларкин продолжува со одличните игри во Евролигата. Нов на менито на избраниците на Атаман беше најтрофејниот европски клуб, Реал Мадрид кој успеаја нагости да го добијат со 75-80. Повторно првот име кај Турците беше Шејн Ларкин кој натпреварот го заврши со 32 поени, 4 асистенции и 3 скока. Одличен беше и Тибор Плајс кој уфрли 13 поени. Кај „кралевите“ Томпкинс уфрли 15 поени, а Серхио Љуљ два помалку.

Панатинаикос без поголеми проблеми се справи со францускиот АСВЕЛ совладувајќи го со 100-88. Џимер Фредет со 22 поени беше најдобар поединец во победничкиот табор, додека Папапетру натпреварот го заврши со еден поен помалку. Кај гостите се истакна Тео Мелдон со 19 поени.

Се вчитува...