Шешко веќе се договори со Арсенал, Лајпциг добива речиси 100 милиони евра

Германски Лајпциг, бара меѓу 80 и 100 милиони евра за својот напаѓач Бенџамин Шешко, објавија германските медиуми. Арсенал и Њукасл Јунајтед се сериозно заинтересирани за 22-годишниот словенечки напаѓач, но никој сè уште не испратил официјална понуда. Сепак, „Билд“ наведува дека Шешко веќе ги договорил личните услови со Арсенал, па сега останува лондонскиот клуб да се договори за сумата со Лајпциг.

Германските медиуми наведуваат дека Лајпциг ќе бара помеѓу 80 и 100 милиони евра. Шешко е во Лајпциг од 2023 година, а играше претходно и за Салцбург, Лиферинг и Домжале. Досега, постигна 39 гола на 87 натпревари за германскиот клуб, а има 41 настап за словенечката репрезентација и постигнато 16 гола.

Лајпциг, како што е познато, претходно реализираше серија одлични трансфери. Го продаде хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиола на Манчестер Сити за 90 милиони евра, Доминик Собослај се пресели во Ливерпул за 70, а Кристофер Нкунка во Челси за 60 милиони евра, исто како и Наби Кеита во Ливерпул. Дани Олмо ја продолжи кариерата во Барселона за 55 милиони евра отштета.

Се вчитува...