Шести пораз на одбојкарките за крај на настапите во Сребрената лига

Женската одбојкарска репрезентација на Македонија, го загуби и шестиот натпревар во дебито на Сребрената лига, откако денеска беа поразени и од Австрија со 0-3, по сетови 15-25, 17-25 и 7-25.

Одбојкарките само на почетокот му парираа на ривалот, а потоа Австрија ја презеде контролата не само на сетот, туку и низ целиот натпревар.

Како одминуваше времето, Австријките беа се подобри, и покрај тоа што во вториот сет Македонија најдобро се држеше. Сепак, третиот убедливо го добија одбојкарките на Австрија за конечна победа.

Ковачевиќ во нашиот тим запиша шест поени.

Се вчитува...