Ширер и Анри се првите фудбалери во ‘Куќата на славните’ во Премиерлигата

Новиот проект на Премиерлигата наречен „Куќа на славните“ во која ќе се најдат истканатите фудбалери кои бројат настапи во истата од нејзиното формирање во 1992 година ги доби и првите учесници. Имено, тоа се легендите на Њукасл и Арсенал, Алан Ширир и Тјери Анри.

Англичанецот кој ги тресеше мрежите за Блекбурн Роверс и Њукасл сеуште го држи рекордот за најдобар стрелец во лигата со 260 постигнати голови на 441 натпревар за 14 сезони.

„Отсекогаш сакав да бидам професионален фудбалер. Мојот сон беше да го обележам „црно-белиот“ дрес со број 10, да освојувам трофеи и да постигнувам голови на „Сент Џејмс Парк“. Уживав во секоја минута од мојата кариера“, изјави Ширер.

Французинот пак во Премиерлигата стигна во 1999 година од редовите на Јувентус, а за осум сезони поминати во „црвено-бело“ забележа 258 настапи и постигна 175 гола со што постана најдобриот стрелец во историјата на „топџиите“.

„Да бидеш примен заедно со Алан Ширер во Куќата на славните е огромна чест и повеќе од посебно чувство. Кога бев млад единствено нешто што сакав е да ја добијам Златната копачка, а сега говориме во Куќата на славните. Во текот на својата кариера сакав да бидам вреден на теренот, навивачите да видат дека се трудам и дека ми е галје. На почетокот на кариерата да ме прашавте за влез во Куќата на славните ќе помислев дека се шалите со мене“, изјави Анри.

 

Се вчитува...