Ширер: Редно беше, беа потребни само 28 години…

Ерлинг Халанд е нов рекордер на Премиерлигата по бројот на голови постигнати во една сезона. Норвешкиот голгетер на вчерашниот натпревар против Вест Хем по 35 пат ја затресе мрежата со што ги надмина Алан Ширер и Енди Кол.

Од учинокот на Халанд импресиран беше и самиот Ширер. Легендарниот репрезентативец на Англија на социјалните мрежи напиша пофални зборви за младиот колега.

„Овој рекорд не можеше да го постави подобро момче. Редно беше, беа потребни само 28 години. Па тој е најдобар!“, стои во коментарот на Ширер.

Се вчитува...