Шишковски го продолжи договорот со Борац Бања Лука

Еден од најдобрите македонски голмани, Дамјан Шишковски го продолжи договорот со тимот од Босна и Херцеговина, Борац Бања Лука. Тој имаше одлична сезона во таборот на тимот од Бања Лука, па поради тоа доби продолжение на договорот на уште една сезона.

„Не се двоумев многу кога стигна понудата да го продолжиме договорот. Во Борац од првиот ден се чувствувам како дома и мило ми е што и следната година ќе ја бранам честа на екипата и градот. Постигнавме многу оваа сезона и имавме сезона за паметење во Европа. Се радувам на новите предизвици“, кажа Шишковски.

Шишковски во кариерата покрај за Борац Бања Лука, настапуваше и за: Работнички, Арарат, Докса, Ропс, Лахти и Гент.

 

Се вчитува...