Шкендија експресно до водство со АИК: Хасани од пенал за предност (ВИДЕО)

Шкендија уште во раната фаза од натпреварот има предност од 1-0 против шведски АИК Стокхолм на реванш дуелот од 3. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига кој се игра на арената „Тодор Проески“ во Скопје.

Во 22. минута капитенот Ферхан Хасани од пенал реализираше за водство од 1-0, откако претходно Сичење направи прекршок во шеснаесетникот над Шаља.

Претходно, Хасани уште во 6. минута имаше 100% шанса да ја доведе Шкендија до предност, но неговиот удар од 12 метри беше запрен од гостинскиот голман.

Како што е познато првиот натпревар во Стокхолм заврши без победник, 1-1.

Се вчитува...