Шкендија го договори и Ерменецот Тарон Восканјан

Шкендија го договори и своето второ засилување за новата сезона, ерменскиот репрезентативец Тарон Восканјан. Претходно, ангажман во клубот е договорен и со голманот од Косово, Илир Авдили.

Раководството на Шкендија синоќа беше на средба со Восканјан во Подгорица каде репрезентацијата на Ерменија играше во квалификациите за СП 2018 против Црна Гора. Според нашите информации, по мечот договорен е трансферот на ерменскиот репрезентативец кој во моментов настапува за кипарската Кармиотиса.

Восканјан вчера го одигра целиот натпревар за Ерменија на квалификацискиот дуел против Црногорците. Во второто полувреме за Ерменија настапи и офанзивецот на Вардар, Тигран Барсегјан, а Дамир Којашевиќ, пак, остана на клупата за резервни фудбалери кај Црногорците.

24-годишниот Восканјан, кој треба да биде засилување за Шкендија во одбраната, игра како централен дефанзивец. Претходно во својата кариера настапувал за ерменски Пјуник.

Се вчитува...