Шкендија го договори првото засилување: Голманот Авдили од Косово

Шкендија го договори првото засилување за новата сезона, голманот Илир Авдили кој доаѓа од косовскиот прволигаш Лјапи од Подуево.

Тетовци, како што дознаваме, ги договориле сите детали за ангажман на 27-годишниот Авдили кој ќе потпише тригодишен договор со Шкендија. Авдили претходно во својата кариера бранел и за Феризај од Косово, како и за албанскиот прволигаш Тирана.

Авдили доаѓа во клубот на местото на Марко Јовановски кој, пак, се договори за преселба во редовите на битолски Пелистер. Според информациите од Шкендија, Костадин Захов останува прв голман на екипата за настапот во квалификациите за Лигата на Европа.

Од клубот се во преговори за ангажман и на 24-годишниот ерменски репрезентативец Тарон Восканјан.

Се вчитува...