Шкендија и АИК низ продолженија ќе го бараат патот кон плеј-офот во Конференциската лига (ВИДЕО)

Шкендија и АИК ќе играат продолженија во битката за место во плеј-офот од УЕФА Конференциската лига, откако и реванш дуелот меѓу двете екипи од 3. квалификациско коло на арената „Тодор Проески“ во Скопје заврши со идентични 1-1 како и на првиот меѓусебен меч во Стокхолм.

Во 22. минута капитенот Ферхан Хасани од пенал реализираше за водство од 1-0, откако претходно Сичење направи прекршок во шеснаесетникот над Шаља.

АИК успеа да се врати во игра со надеж за останување на европската сцена, израмнувајќи го резултатот во 56. минута од второто полувреме. Кикс на голманот на Шкендија, Костадин Захов кој по едно нафрлување од десната страна дозволи да му отпадне топката од рацете, па Ајари беше присебен израмнувајќи на 1-1.

Се вчитува...