Шкендија и Бразилецот Хуан Фелипе, по само три месеци заедничка соработка, се одлучија со взаемен договор да ја прекинат соработката.
Шампионот на Македонија и официјално информира дека е одлучено да му се заблагодарат на Фелипе на досегашната соработка па предвреме го прекинуваат заедничкиот договор.
„Во интерес на двете страни одлучено е на заеднички состанок дека е момент да се прекине меѓусебниот договор. Шкендија му благодари на Хуан Фелипе за доприносот во црвено-црниот дрес во овој период, посакувајќи му многу успех во иднина“ – се вели меѓу другото во соопштението од ФК Шкендија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА