Шкендија има водство (1-0) на полувремето, резултат кој ја води во плеј-оф рундата од Конференциската лига (ВИДЕО)

Тетовска Шкендија има водство од 1-0 на полувремето против шведски АИК Стокхолм на реванш дуелот од 3. квалификациско коло за УЕФА Конференциската лига. Резултат кој „црвено-црните“ ги води во плеј-оф рундата од квалификации по ремито (1-1) на првиот натпревар во Стокхолм.

Шкендија уште во раната фаза од натпреварот дојде до водство од 1-0 со голот од пенал на капитенот Ферхан Хасани во 22. минута. Претходно Сичење направи прекршок во шеснаесетникот над Шаља.

Како што е познато првиот натпревар во Стокхолм заврши без победник, 1-1.

Се вчитува...