Шкендија ќе се засилува со Јашаница од Скендербег?

По назначувањето на Ќатип Османи за нов шеф на стручниот штаб на тимот, од Шкендија планираат и „проветрување“ на играчите редови за новата сезона.

Добро е познато дека од екипата заминуваат дел од играчите кои беа ангажирани со доаѓањето на претходниот тренер Томас Брдариќ, меѓу кои и Чолак, Меџедовиќ и Челиковиќ, по што се отвораат слободни места на неколку позиции.

Веќе се најавуват и првото засилување за тетовци во новата сезона, централниот дефанзивец на албанскиот Скендербег, Бајрам Јашаница. 26-годишниот Јашаница е репрезентативец на Косово, а за Скендербег од 2014 година има настапено на 77 натпревари.

Во фокусот на Шкендија за новата сезона е и младинскиот репрезентативец Ремзифаик Селмани од Ренова.

Се вчитува...