Шкендија мора на триумф против Борец, „лавовите“ четири меча по ред не знаат за победа

Во игрите „топло-ладно“, Шкендија денеска во 13. коло од Првата македонска фудбалска лига мора да игра на победа во пресметката против Борец.

По претходното реми со Македонија ЃП за тетовци секако единствено во мислите се трите бода, и покрај фактот дека Борец е незгодна екипа која знае да ги изненади фаворитите на домашната сцена.

Од останатите мечеви, погледите насочени и кон Ѓорче Петров каде Македонија ЃП го пречекува Силекс. „Лавовите“ цели четири едноподруго натпревари не знаат за победа, а последен пат славеа на 29. септември на гостувањето против Струга ТЛ со 0-2. Токму поради тоа огромна е желбата да се дојде до трите бода во пресметката со кратовци.

ПРВА ЛИГА – 13. КОЛО (денеска, 13:30 ч.)

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – СИЛЕКС

Тетово: ШКЕНДИЈА – БОРЕЦ

Скопје: ВАРДАР – РЕНОВА

Скопје: ШКУПИ – СТРУГА ТЛ

ВЧЕРА

Струмица: АК. ПАНДЕВ – РАБОТНИЧКИ 1-1

Се вчитува...