Шкендија на победа во Ѓорче Петров, Фелипе вели дека борбата за титула не е завршена

Шкендија гостува на Македонија ЃП во Ѓорче Петров во најинтересниот натпревар од денешната програма од 12. коло во Првата македонска фудбалска лига.

Тетовци по претходната победа против Силекс веруваат дека може да продолжат со победничката низа и конечно да фатат ритам со водечките екипи во шампионатот во трката и за одбрана на титулата.

„Сакаме три бода од натпреварот со Македонија ЃП. По онаа убава победа против Силекс веруваме дека и сега можеме до трите бода. Треба да се одигра во ист ритам, и резултатски да имаме континуитет затоа што трката за шампионската круна е долга. Сите во тимот веруваме дека можеме и оваа сезона да бидеме шампиони“ – вели бразилскиот интернационалец во редовите на Шкендија, Хуан Фелипе.

Но, позитивен резултат посакуваат и во таборот на Македонија ЃП. По претходниот убедлив пораз од Академија Пандев во Струмица, сега „лавовите“ цврсто се решени да дојдат до бодови од денешната пресметка.

„Само со лавовска борба и максимална мотивација можеме до позитивен резултат. Нескромно е да кажам дека сакаме да победиме бидејќи Шкендија оваа сезона не е на највисоко ниво. Мораме до позитивен резултат за да остане натпреварот со Академија Пандев само како лош ден зад нас“ – вели голманот на „лавовите“, Марко Јовановски кој претходно во својата кариера беше член и на Шкендија.

ПРВА ЛИГА – 12. КОЛО (денеска, 13:30 ч.)

Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – ШКЕНДИЈА

Тетово: РЕНОВА – ШКУПИ

Кратово: СИЛЕКС – СТРУГА ТЛ

Велес: БОРЕЦ – АК. ПАНДЕВ

ВЧЕРА

РАБОТНИЧКИ – ВАРДАР 0-2

Се вчитува...